Отстранување на ХПВ кондиломи

ХПВ кондиломите или Condylomata acuminatа е едно од најчестите полово преносливи заболувања. Тие преставуваат кожни израстоци кои наликуваат на брадавици и ја засегнуваат кожата и слузокожата на ано-гениталните регии. Предизвикани се од ХПВ - Human Papilloma Virus. Постојат повеќе од стотина типови на овој вирус, но само неколку типа се заслужни за појавата на половите кондиломи. Најчести се тип 6 и тип 11. Тие се силно заразни, се пренесуваат преку контакт со заразена кожа, најчесто за време на сексуален однос. Поради фактот што станува збор за кожна болест, презервативите не се 100% заштита.

Оваа инфекција може да има долг латентен период (периодот од моментот на заразување до појавата на први симптоми),  што значи дека и лица кои немаат пројавено никакви симптоми можат да бидат носители на вирусот. Латентниот период може да трае од неколку месеци до неколку години.

Најсовремен и најефикасен метод за отстранување на ХПВ кондиломите е радиобрановата терапија или електрокаутеризација.

Радиобрановата терапија претставува дермато-хируршки метод при што под дејство на електрична енергија претворена во топлина целосно се уништува болното ткиво, а во исто време се коагулираат малите крвни садови, поради што нема никакво крварење.

Така се доведува до минимална оштета на околното ткиво, периодот на заздравување(епителизирање) е многу краток  и само еден третман е доволен за целосно отстранување на кондиломите.

Третманот е краткотраен и безболен (се користи локална анестезија), а пациентите си продолжуваат со секојдневните обврски веднаш по извршената интервенција. 

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА