Радиобранова терапија

Радиобрановата терапија преставува дермато-хируршки метод за отстранување на кожни промени при што под дејство на електрична енергија претворена во топлина целосно се уништува болното ткиво.Во исто време се коагулираат малите крвни садови, поради што нема никакво крварење.

Така се постигнува минимална оштета на околното ткиво, периодот на заздравување(епителизирање) е многу краток  и само еден третман е доволен за целосно отстранување на болното ткиво.

Радиобрановата терапија се користи за отстранување на најразлични кожни промени како што се вирусните брадавици, гениталните ХПВ кондиломи, невуси, фиброми, папиломи, кератози, малигни и бенигни промени. Исто така се користи и за коагулирање на капилари (spider angioma, cherry angioma) и за отстранување на други васкуларни промени.

Третманот е краткотраен и безболен (се користи локална анестезија), а пациентите си продолжуваат со секојдневните обврски веднаш по извршената интервенција.

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА