Ботокс

Повеќе од една деценија, ботулинскиот токсин се користи во медицината за лекување на возрасни и деца со невролошки проблеми - невромускулни заболувања на лицето, вратот и екстремитетите. Исто така, се користи и во офталмологијата за третирање на проблеми со видот и диплопијата (двојна слика).

Ботулинскиот токсин наоѓа примена и во естетската медицина како неинвазивна метода (без хируршки третман) за “израмнување”на брчките на лицето и вратот. Брчките на челото, околу очите, околу устата и на вратот се јавуваат поради зголемена мимика, односно движење на мускулатурата и се продлабочуваат со текот на времето. Ботулинскиот токсин делува на релаксација на мускулатурата. Брчките ќе бидат “измазнети” со релаксирање на соодветните мускули. Ова е начинот на делување на ботулинскиот токсин кој се инјектира во одреден мускул или мускулна група и превенира појава на “линии” на местата со најизразена мускулна активност.

 

Што може да се третира со ботокс?

- брчките на челото

- брчките меѓу веѓите

- подигнување на веѓите

- брчките околу очите

- пушачките брчки околу устата

- брчките околу носот (bunny lines)

- брчките на вратот

- брчките на деколтето

- корекција на насмевката

- корекција на асиметрија на лицето

- прекумерно потење (хиперхидроза)

 

 

Како изгледа процедурата?

Подготвениот раствор се инјектира во одредениот мускул со многу тенка игла. Постапката е скоро безболна. Ефектот од апликацијата почнува да се забележува уште од вториот ден, а максимален ефект се постигнува за две недели. 

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА