Anti age третмани

Што претставува мезотерапијата?                            

                                                                                                                                

Воведена од францускиот лекар Др. Мишел Пистор во 1952, мезотерапијата е минимално инвазивна процедура која што се користи за лекување на најразлични кожни промени и медицински состојби. Со помош на мезотерапијата директно ги третираме таргетните зони, вбризгувајќи ги активните субстанци (медикаменти, витамини, минерали, амино киселини и др.) во дермот или хиподермот на кожата. Така се постигнуваат најдобри резултати со само неколку процедури.

Што се третира со мезотерапија?

Во Anti-age естетската дерматологија мезотерапијата се користи за намалување на брчки, за хидратација и подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, за тонирање на кожата и враќање на нејзиниот сјај.

Други примени:

- Против опаѓање на коса

- Отстранување на лузни од акни и стрии

- Лифтинг на лице и врат

- Отстранување на локализирани масни наслаги на лицето и вратот (подбрадок)

- Избелување на хиперпигментации на лицето (флеки,  старечки дамки)

- Избелување на темните кругови околу очите

- Мезотерапија на тело (отстранување на  целулит и масни наслаги, обликување на тело)

 

Како изгледа процедурата?

Процедурата е безболна. Се користат мали и тенки игли, но за поголем конфорт на пациентот се нанесува и локален анестетик.

Во аnti-аge мезотерапијата (мезотерапија на лице, врат, деколте и раце) се вбризгува хијалуронска киселина во горните слоеви на кожата. Понекогаш хијалуронската киселина може да се комбинира и со други активни состојки (силициум, колаген и др.)  кои исто така имаат моќен аnti-аge ефект.

Мезотерапија е најефективен и безопасен третман за целосно подмладување на кожата. Се подобрува кожниот тонус, се рехидрира дермалниот слој, се измазнуваат малите брчки, а кожата станува сјајна и еластична.

Ефектите се видливи уште по првата процедура, но за најдобри резултати се препорачуваат 2 до 6 третмани, на интервал од 2 недели. 

    

 

 

 

 

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА