Отстранување на вирусни брадавици

Вирусните брадавици се често кожно заболување кое подеднакво ги засегнува и двата пола. Тие изгледаат како мали и меки кожни израстоци кои често се размножуваат ако не бидат отстранети со време.

Се појавуваат на места каде што има поголемо триење на кожата и поголемо лачење на пот( кожата на вратот, лицето, пазувите и под градите). Најчесто се мали (околу 2-5 мм во дијаметар), но ако не се отстранат на време тие растат и до неколку сантиметри.

              

Единствен начин за нивно трајно отстранување е радиобрановата терапија.

Радиобрановата терапија преставува дермато-хируршки метод за отстранување на кожни промени при што под дејство на електрична енергија претворена во топлина целосно се уништува болното ткиво. Во исто време се коагулираат малите крвни садови, поради што нема никакво крварење.

Така се доведува до минимална оштета на околното ткиво, периодот на заздравување(епителизирање) е многу краток  и само еден третман е доволен за целосно отстранување на болното ткиво.

  

Третманот е краткотраен и безболен (се користи локална анестезија), а пациентите си продолжуваат со секојдневните обврски веднаш по извршената интервенција.

 

   

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА