IPL техологија

IPL технологијата е патентирана современа технологија за трајно отстранување на влакна, која е признаена како таква од FDA (Food and Drug Administration USA) - една од најавторитетните организации во светот, чија што задача е одобрување на различни медикаменти и терапевтски методи кои се користат во медицинската практика.

Кај IPL технологијата се користи серија од светлосни филтри кои осигуруваат широк сектар на должини на светлината. Тоа овозможува прецизно да се воведат сите параметри на зрачењето, а со тоа и максимално да се индивидуализира третманот. Така се постигнува оптимален ефект зависно од јачината и пигментот на влакното. Ласерскиот сноп го препознава само меланинот во коренот на влакното и тоа овозможува да премине преку кожата без да ја оштети на било каков начин. Светлинската енегрија во контакт со коренот се претвора во топлина која директно го уништува коренот на влакното


Ефектот е траен,  што значи дека фоликулот е уништен и од таму е невозможно да се создаде нов корен .

Необходно е да се направат 4-10 процедури. Првичниот ефект се изразува со слабеење и проретчување на влакната, додека постепено не се уништат сите влакнени фоликули.

Третманите се прават на секои 4 до 6 недели кога корените се во анагена фаза и ефектот од самиот третман е најголем.

 

За повеќе информации, закажете консултација на тел: 02/3229080

 

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА