Хемиски пилинг

     

Хемискиот пилинг претставува медицински третман на кожата каде што обучено медицинско лице нанесува раствори на киселини со различна концентрација, со цел отстранување на површинскиот слој на истата. Така се подобрува квалитетот на кожата, се отстрануваат постоечките пигментации, се отстрануваат белезите од акни и се постигнува значителен аnti-аge ефект.

Процедурата е потполно безбедна и зависно од концентрацијата и видот на соодветните киселини може да биде површински, средно длабок и длабок пилинг.

За површински пилинг најчесто се користат овошни киселини (АХА киселини: гликолна, цитрична, малична), манделична киселина, салицилна киселина и др.

Нивното дејство е разнообразно. На ниво на епидермис се предизвикува десквамација (луштење на површинскиот слој на кожата), на ниво на дерма се стимулира активноста на фибробластите и како резултат на тоа се зголемува синтезата на колаген и еластин, со што се ремоделира кожата.

 

     

Површинскиот пилинг се користи кај:

- себороична кожа со тенденција за акни

- задебелена кожа

- нееластична, опуштена кожа

- кожа оштетена од сончевите зраци

- пигментации

- белези од акни

     

 

 

 

 

Зависно од видот и концентрацијата на киселината, процедурата може да трае од 5 до 40 минути. За време на нанесувањето на пилингот нормално е да се почувствува слабо пецкање кое исчезнува веднаш по неутрализирањето на киселината.

За најдобар ефект се препорачуваат 4 до 10 процедури.

Пост- пилинг процедура:

- Интензивна хидратација

- УВ заштита

- Стриктно избегнување на сонце

- Нанесување на крем во секој момент кога пациентот ќе ја почувствува кожата затегната и сува.

Во најголем број од случаите настапува брзо смирување на еритемот (зацрвенувањето на кожата) и нема потреба од мирување. Хемискиот пилинг не се работи за време на летните месеци и се препорачува употреба на крем со заштитен фактор.

Пред и после третманот:

  

     
      

 

    

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА