Дермални филери

Како стареењето влијае на вашата кожа?

 Со годините кожата станува потенка и губи од својот волумен. Стресот и сончевата радијација уште повеќе го интензивираат тој процес. Се создаваат бразди меѓу носот и аглите на устата (назолабијални брчки). Се создаваат вдлабнатини под аглите на устата и образите (марионетни брчки).

 

Што е причината за тоа?

 Со промената на хормонскиот статус доаѓа до промена и на квалитетот на кожата. Во исто време доаѓа и до намалување на мастното ткиво во образите, а се намалува и ситезата на колаген и хијалуронска кисленина. Како резултат на тоа се формираат брчки.

Во последниве години, со голема популарност се здобија таканаречените филери (или дермални импланти). Тоа се продукти кои се вбризгуваат во кожата и на тој начин ги пополнуваат брчките, го зголемуваат волуменот на усните и ги ремоделираат контурите на лицето.

Најчесто користените филери се на базата на хијалуронска киселина - продукт кој природно влегува во составот на кожата. Поради тоа несаканите ефекти од нејзиното инјектирање се сведени на минимум.

Основна функција на хијалуронска киселина е да абсорбира и да задржува вода. Може да абсорбира вода и до 1000 пати од својот волумен.  На тој начин таа ја привлекува водата и го оддржува нејзиното количество во меѓуклеточното пространтво, благодарение на коешто Вашата кожа се хидрира и се зголемува нејзиниот волумен.

Обновувањето на загубениот обем, пополнувањето на брчките и враќањето на сјајот на кожата може да биде постигнато и по нехируршки пат, со помошта на дермалните филери.

 


 

Кои регии можат да бидат третирани?

- Назолабиални брчки (линиите кои се протегаат од носот до аглите на устата)

- Фините линии околу устата (пушачки брчки)

- Фините линии околу очите

- Фронтални и глабеларни брчки ( брчките на челото и меѓу веѓите)

- Уста (зголемување)

- Јаболчници и брадичка (оформување и волумен)

- Горната страна на дланките, деколте, врат и лице ( подмладување на кожата- мезотерапија)

   

Што друго треба да знаете за дермалните филери?

- Процедурата е релативно кратка, не одзема многу време

- Дејството е директно, точно таму каде што е необходно

- Дава моментално видлив ефект

- Минимално време за опоравување

- Долготраен ефект

- Природна и безопасна процедура со минимален ризик од несакани реакции ( единствени несакани реакции можат да бидат црвенилото и малите модринки на местото на убодот, кои се повлекуваат релативно брзо)


 

Колку долго трае ефектот?

Зависно од индивидуалниот метаболизам на секој пациент, хијалуронската киселина се разгладува со различна брзина, во интервал од 1 до 2 години. Во случај на мало надополнување (touch up) после првите 8-12 месеци, ефектот може да трае и подолго.

Самата процедура на инјектирање хијалуронска киселина стимулира создавање на ново ткиво. Тоа уште повеќе ги подобрува резултатите и ефектот продолжува дури откако продуктот бил целосно резорбиран.

 

     

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА