Мезотерапија на тело

Воведена од францускиот лекар Др. Мишел Писторво 1952, мезотерапијата е минимално инвазивна процедура која што се користи за лекување на најразлични кожни промени и медицински состојби. Со помош на мезотерапијата директно ги третираме таргетните зони, вбризгувајќи ги активните субстанци (коктели од медикаменти, витамини, минерали, амино киселини и др.) во дермот или хиподермот на кожата. Така се постигнуваат најдобри резултати со само неколку третмани.

Мезотерапијата на тело може да биде липолитична, антицелулитна или комбинација од двете.

Зависно од потребите на пациентот, состојбата на масното ткиво и видот на целулит, коктелите (комбинацијата од неколку различни активни состојки) се разликуваат.

Во случаи кога е потребно намалување на обем и топење на вишокот масти (липолиза) се користат липолитичните коктели.

Регии кои може да се третираат со липолитична мезотерапија:

- Стомак

- Задник

- Бутини

- Раце

-“Перничиња” на грб

- Подбрадок

- Регијата над колената

Субстанците се вбризгуваат директно во засегнатата регија поради што ефектот е многу голем.

Во ординацијата “Д-р Самоникова” мезотерапијата се изведува само од обучени лекари и за таа цел се користи специјален пиштол за мезотерапија со што дозирањето е многу прецизно, а третманот е далеку попријатен во споредба со рачното аплицирање.

Антицелулитната мезотерапија е најефикасен начин за отстранување на целилут. Целулитот се образува под дејство на три фактори: слаба циркулација, слабеење на сврзното ткиво и лимфен застој. Мезотерапијата е единствен метод кој делува на сите фактори за образување на целулит. Се вбризгуваат субстанци кои директно вршат вазодилатација (се подобрува локалниот крвоток), стимулираат синтеза на колаген и еластин, се подобрува тонусот на кожата со што се губи изгледот на портокалова кожа и во исто време се врши липолиза на вишокот маснотии.

За најдобри ефекти потребни се неколку третмани, зависно од состојбата на пациентот. Третманите се прават на 10-14 дена, а ефектите се видливи уште по првиот третман.

                

                 

 

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА