Артикли

ЗА НАС

 

Д-р Гордана Самоникова е основоположник на медицинската козметологија во Македонија со своето 30 годишно искуство во оваа област. 14 годишното работно искуство во првиот “Центар за медицинска козметологија - Алкалоид” допринесе за поставување на нови стандарди во лекувањето на акните, за што се доказ и многубројните успешно излекувани пациенти. Го воведе и усоврши првиот метод за трајно отстранување на влакна ( електроепилација) кој до ден денес се користи во современата дерматолошка практика.

   Во приватната ординацијата “Д-р Самоникова”, која е основана во далечната 1996 година, продолжува трендот на усовршување и воведување нови техники од областа на естетската дерматологија.

 Во 2002 е донесен првиот IPL (Intense Pulsed Light) апарат за трајно отстранување на влакна,капилари и рејувинација на кожата.

  Во 2003 година,Д-р Самоникова прва во Македонија ја воведува употребата на дермалните филерикако метод за полнување брчки, зголемување усни и обновување на изгубениот обем на лицето.

 Во 2005 ја воведува и мезотерапијата, како еден од најдобрите методи за ревитализација на кожата на лицето,вратот, деколтето и рацете, како и липолитичната мезотерапија - метод за најуспешно отстранување на целулит и масни наслаги.
Истата година почнува со аплицирање на ботокс за отстранување на мимичките брчки и прекуметното потење.
 

  Во ординацијата “Д-р Самоникова”, се користи најсовремената радиобранова апаратура за отстранување на секаков вид брадавици, папиломи и други кожни промени.

 Тимот од лекари во ординацијата “Д-р Самоникова”, континуирано посетуваат едукации и курсеви во најпрестижнити европски центри за естетска медицина ( Париз, Монако и др.) со цел оддржување на високото ниво на услуги кои ги нуди.

  Тимот се состои од двајца лекари и 3 медицински сестри/козметичари.

Покрај медицинските услуги, во ординацијата “Д-р Самоникова” се нудат и многубројни третмани за нега на лице и тело, за кои што се користи врвна француска и германска козметика.

СЛЕДЕТЕ НЕ:

МЕДИА